• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Чај од мајчина душица - ефикасен при настинка и воспаление на дишните патишта Печати

Мајчина душица (thymus serpyllum) е многугодишно растение со виолетово-црвени цветови. Цвета во јуни и во јули, а понекогаш и до септември. Се користат расцветаните делови, кои треба да се отсечат без да се оштетува долниот здрвенет дел на билката. На мајчината душица и треба многу сонце и топлина и затоа се среќава на суви каменести места и планински пасишта, каде што има топла почва.

 

Најделотворната состојка во неа е тимолот, кој го има во етерското масло. Надземните делови на мајчината душица содржат етерично масло од 0.1 до 1%.

 

Мајчината душица има антивоспалително, антимикробно дејство, го олеснува искашлувањето на секретот од белите дробови и ги отстранува болката и тежината во градите. Затоа се користи при лечење на на воспаление на дишните патишта и белите дробови (бронхит, бронхопневмонија, бронхијална астма, ларингит, туберкулоза).

Механизмот на дејството на мајчината душица е врзан со присуството на тимолот. Тој ја размекнува слузта во дишните патишта и ги стимулира трепките со кои се обложени дишните патишта полесно да ја исфрлат растворената слуз. Дејството на мајчината душица во случаите на настинка и акутен бронхит е научно докажано. Една германска студија во која учествувале 721 пациенти со бронхит покажала дека екстрактот од мајчината душица ги ублажува нападите на кашлица за 70%.

За размекнување на слузта во бронхите и за олеснување на искашлувањето може да се подготви чајна мешавина - 15 г мајчина душица, 15 г корен од јаглика (primula officialis), и 15 г лисја од подбел (tussilago farfara). За припремање чај од оваа мешавина се зема 1 голема лажица и се прелива со 250 мл зовриена вода. Се остава да стои 15 минути, се додава 1 лажица мед. Чајот се пие исклучиво топол, постепено, во голтки. Дневно треба да се испијат 3 до 4 шолји. Може да се подготви и тинктура од мајчина душица со 200 г лист од мајчина душица, 100 г глицерол, 320 г концентриран алкохол (96 %) и 580 г провриена вода.

Иситнетите лисја се преливаат со смеса од глицерол и алкохол. Треба да отстојат 8 дена и повремено да се промешуваат. Потоа тинктурата се процедува. Од оваа тинктура се земаат три пати дневно по 20 до 30 капки, кои се накапуваат на коцка шеќер.

Тинктурата може да се употребува и за локално втривање (масажа) при болки во мускули и зглобови, но и кај болни од мултиплекс склероза.

Иситнета мајчина душица во свежа состојба натопена како кашичка се употребува за компреси при лечење рани, против загнојување.

Поради големата содржина на тимол, мајчината душица може да покаже и надразнувачко дејство врз слузницата на желудникот. Затоа не се препорачува долготрајна употреба кај болни со чир на желудник или на дванаесетпрсното црево. Тимолот треба да се дозира внимателно и при бременост.

Тимол во доза од 0.05 до 0.10 г се користи при метеоризам (гасови во црева) и пролив.

 

Најчитани текстови