• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Намирници кои негативно влијаат на некои лекови

Под влијание на млекото, дејството на антибиотиците ослабува, а лековите против слабокрвноста (на пример железото) се бескорисни ако ги земаме со кафе или црн чај. Лекарите предупредуваат дека некои одредени намирници и напитоци го менуваат дејството на лековите.

Влакнести материи

Бидете внимателни кога станува збор и за интегралниот леб, муслите и суровото овошје и зеленчук. Големата количина на влакнести материи во дигестивниот тракт може да го ослаби дејството на антибиотиците, аналгетиците и антидепресивите.

Лимонада, вино, шумечки таблети

Ако лековите против киселини во желудникот ( антациди), кои содржат основна состојка соли на алуминиум, се консумираат со лимонада, вино, шумечки таблети, можно е да дојде до зголемување на концентрацијата на алуминиумот во крвта. Можните последици од тоа се: слабокрвност, растроеност и грчеви.

Совет: Исфлете ги од употреба овие напитоци за време на терапијата.

Млечни производи

Млекото, јогуртот, сирењето и другите млечни производи го ублажуваат штетното дејство на антибиотиците. Но, антибиотиците од групата на тетрациклини се спојуваат со калциумот од млечните производи и ствараат грутки, кои неможат да поминат низ sидот на тенкото црево и да навлезат во крвта.

Активните материи кои го поттикнуваат обновувањето на коските (флуориди) со калциумот ствараат соли, кои организмот тешко ги апсорбира.

И овде важи правилото: Два часа пре и два часа после земањето на лековите не треба да се конусмира млеко и мелчни производи, па дури ни сладолед.

Алкохол

Алкохолот (вклучувајќи ги и бомбоните и разните десерти со алкохол) по правило не треба да се земаат заедно со лековите, па дури ниту пред и после нивното земање.

Според препораките на стручњаците, помеѓу земањето на алкохол и лековите треба да поминат барем најмалку два часа.

Алкохолот го смирува нервниот систем, што може да го засили дејството на лековит кои имаат слична „задача“, осебно средствата за смирување, антидепресивите и средствата за спиење. Можните последици од истовременото земање на алкохол и овие лекови се тежок замор, поматување на свеста, забавена работа на срцето.

Алкохолот ја надразнува слузницата на желудникот и цревата. Во комбинација со лековите кои имаат слични несакани ефекти, посебно со некои аналгетици, можно е да дојде до развој на гастрит или чир во желудникот и цревата.

Сок од грејпфрут

Билната супстанција нарингин од грепфрутот се преработува во црниот дроб на ист начин како и голем број на лекови. Кога се внесува сок од грејпфрут заедно со тие лекови, организмот поспоро го разградува лековите, со што се зголемува концентрацијата на активните супстанции од лековите во крвта. Посебно ова се случува кога станува збор за антидепресиви, лекови против висок крвен притисок, антибиотици и аналгетици. Соковите од грејпфрут понекогаш делуваат со денови. Затоа лицата кои земаат лекови треба да го исфрлат овој сок од употреба.

 

Прочитајте и: