• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Симптоми и знаци - Болка PDF Печати
Среда, 11 Јуни 2008 08:02
Индекс на артикл
Симптоми и знаци
Болка
Сите страници

Болка во пределот на мочниот меур

Во почетокот на заболувањето, особено кај папиларните тумори нема болка, но ако заболувањето трае подолго, посебно кај инвазивните тумори со хематурија, се јавува и болка. Болниот чувствува болки во пределот на мочниот меур, зад симфизата.

Дизурични тегоби (чести и болни мочања)

Како трет значаен симптом кај болните со тумор на мочниот меур се дизуричните тегоби, кои се манифестираат во облик на чести и болни мочања. Овие симптоми се јавуваат во околу 25% од болните и се знак за присутен голем инвазивен тумор или carcinoma in situ. Но, понекогаш дизуричните тегоби може да се јават и при мал папиларен карцином сместен на вратот на мочниот меур.

Подоцна се јавуваат и симптоми и знаци од присутните метастази. Сепак, тоа е поретко, бидејќи во периодот кога се открива (дијагностицира) туморот на мочниот меур, обично тој е локализиран само на мочниот меур. Така дури 70% од случаите на карцином на мочниот меур се дијагностицираат во оваа фаза (неметастатски тумор). Мал е процентот на болни кои за време на дијагностицирањето на болеста имаат присутни дистантни метастази и симптоми и знаци од нив.

При инфилтрација на уретерите од туморот, доаѓа до застој во мочањето и болка, а ако на тоа се надоврзе и инфекцијата, се развива и пиелонефрит, кој е придружен со висока телесна температура и со други знаци и симптоми на воспаление. Кога туморот е околу тригонумот на мочниот меур, тој може да ги инфилтрира двата уретери и да дојде до развој на бубрежна слабост (инсуфициенција).

Карактеристична особина на карциномот на мочниот меур е таа што тој се развива бавно и долго време е присутен во sидот на мочниот меур.