• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Бикрам јога Печати

Бикрам јогата ја подобрува мускулната снага, го намалува стресот, детоксицира, ја регулира телесната тежина и ја подобрува психичката состојба. Со редовното вежбање се подобрува капацитетот на белите дробови, се зајакнуваат и исправуваат коските, а зглобовите стануваат поеластични.

Почетното вежбање на Бикрам јогата се состои од 26 асани (положби во јогата) и две вежби на дишење. Целта им е да систематски го вежбаат вашето тело 90 минути.

Вежбите на положбите се изведуваат во загреана просторија и целта им е да го загреат целото тело. Со Бикрам јогата се вежба длабокото мускулно ткиво, тетивите и лигаментите. Загреаноста на просторијата овозможува целосно истегнување на телото, ја подобрува циркулацијата и протокот на крвта. Ваквиот почетен редослед на вежбите посебно е осмислен за почетниците и може секој да ги изведе, без оглед на годините, полот, телесната тежина, силата или кондицијата.

Бикрам јогата се состои од почетни движења и положби во јогата, така да не постои можност за повреда. На крајот од секое вежбање секој поединец целосно ги раздвижил секој мускул, тетива, зглоб, лигамент, внатрешен оган и жлезда, така што 100% се подобрил протокот на крвта, полна со кислород, низ телото.

Резултатот од вежбањето е враќање на здравата состојба во сите делови на телото, враќање на еластичноста и рамнотежата на духот и телото. По вежбањето ќе се чувствувате поенергично, умот ќе ви се прочисти и ќе се намалат штетните последици од стресот.

Кои се позитивните ефекти од практикувањето на Бикрам јогата?

  • го регулира холестеролот во крвта,
  • ги елиминира токсините,
  • го јакне имунитетот,
  • ги прочистува лимфните жлезди,
  • ги става во равнотежа ендокрините жлезди (жлезди со внатарешно лачење),
  • ја подобрува еластичноста на `рбетот,
  • го зголемува капацитетот на белите дробови,
  • го зајакнува срцето,
  • ги „подмачкува“ зголобовите,
  • ги јакне коските,
  • ги издолжува, обликува и зајакнува мускулите.

Бикрам јогата е предизвикувачки курс кој бара исклучителна концентрација, внимателно слушање на предавачот, трпеливост, одлучност, доверба и дисциплина. Работилници на Бикрам јогата се отвараат по цел свет, па така и во Европа.

Bikram Choudhury е основач на светски познатиот Јога Универзитет во Индија. Роден е во Калкута, во 1946 година, а почнал да се бави со јога веќе од својата 4 годишна возраст. Тоа било времето кога делувал најпознатиот индиски јогист Bishnu Ghosh, помладиот брат на Paramahana Yogananda, автор на најполуларната книга за јогата „Автобиографија на еден јогист“.

Бикрам јогата ја проучувале преку 3 милиони луѓе. Bikram Choudhury својот начин на проучување на јогата во САД го довел во 1971 година, на повик од Американската здравствена организација.

Со повеќе од 600 работилници во светот, меѓународно признаената Бикрам јога е една од најбрзо развиваните стилови на Хата јогата. Основачот Bikram Choudhury ја проучувал јогата во САД во тек на 35 години и држи курсеви по Бикрам јога. Тој своерачно им доделува сертификати на сите оние кои ги завршиле неговите курсеви.