• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Хормонска јога – ги поттикнува хормоните и ослободува од стрес Печати

Новиот начин на вежбање, хормонската јога, претставува целосен програм, специјален за жените. Оваа мешавина на класична јога и тибетански енергетски вежби ги стимулира јајчниците, штитната жлезда и надбубрежните жлезди, значи – органите кои произведуваат хормони.

Стимулирајќи ги овие жлезди се зголемува лачењето на хормоите кои тие ги произведуваат.

Резултатите од една студија на Бразилскиот универзитет во Сао Пауло покажува деја после 4 месеци вежбање на хормонска јога, продуктивноста на јајчниците се зголемува за 75 %, додека нивото на естрогенот расте за 254 %. Поголемото ниво на хормони ги прави жените да се чувствуваат помлади и постабилни. И самиот физички изглед станува посвеж, бидејќи се подобрува стварањето на колагенот кој ја прави кожата мазна и затегната.

Овој нов тренд во вежбањето го лансирала Dinah Rodrigues од Бразил, јога-терапевт, психолог и автор на книгата „Хормонска јога “. Со своите 80 години, таа делува витално како да е млада жена.

„Секое утро вежбам половина час. Тоа ми дава енергија и ме одржува млада,“ вели Dina Rodrigues.

Се препорачува со вежбање да се започне од средината на триесетите години, бидејќи хормонската јога помага и кај предменструалниот синдром и менструалните тегоби.

Во меѓувреме, хормонската јога почнале да ја препорачуваат и лекарите и гинеколозите, како начин за намалување на симптомите во менопаузата како: топлотните бранови и пореметениот сон. Но, хормонската јога е корисна и за жените кои веќе ја минале менопаузата, бидејќи хормонската јога ги намалува и пропратните појави на старењето, како што се помалата телесна подвижност и губитокот на сексуалниот нагон.

Жените кои веќе некое време вежбаат ваков вид на јога тврдат дека имаат подобро здравје и подобра циркулација. Тие се посмирени и со добри нерви. Жените кои се во поодминати години имаат младешка енергија, изглед и еластичност.