• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Важноста на цинкот за нашето здравје

Количината на внесениот цинк многу зависи од прехрамбените навики. Љубителите на морската храна внесуват повеќе цинк во организмот.

На цинкот, во обичниот живот, се потполно заборава, освен во случај на заостанат раст на децата и намалена машка потенција.

Цинкот служи како помош при зараснување на раните (цинкова маст), при неплодност на мажите, при помали повреди, ноќно слепило, инфекции...

Но, треба да се земе во предвид фактот дека цинкот учествува во работата на 100 ензими, меѓу кои се и оние одговорни за синтеза на ДНК и РНК.

Цинкот го регулира растот на клетките и зараснувањето на раните, учествува во синтезата на протеините, ја одржува плодноста, помага при репродукција на клетките, го јакне имунитетот и штити од слободни радикали.

Како делува цинкот?

Со експерименти и со двојно слепа проба утврдено е дека таблетките цинк го намалуваат траењето на настинката кај возрасните луѓе. Кај децата овој ефект не постои и никој досега не објаснил зошто е тоа така.

Во експериментите кои покажале успех, биле користени цинк глуконат и цинк глуконат-глицин во форма на таблетки за џвакање. Секоја таблетка содржела 15 - 25 mg цинк. На сите корисници на цинк таблетки им се советува да видат дали тие содржат лимонска или винска киселина, бидекќи поради интеракциите, делувањето на цинкот може да биде блокирано. И уште нешто, немојте да земате соли на цинк, бидејќи ефект постигнуваат само оние кои се спомнати. Постои и проверена техника: цинк таблетите треба да се земаат при појава на првите симптоми на „гребење“ во грлото или носот и тоа во доза од 10 таблети дневно (тие се топат во устата како бомбони). Треба да се земаат за време на траењето на настинката, но штом ќе исчезнат симптомите, треба да се престане со земањето на таблетките. Сепак, најдобро е да се консултирате со лекар и да не земате теблети цинк на своја рака.

Цинкот помага при зараснување на раните (цинкова маст), кај машка неплодност, кај помали повреди, кај ноќно слепило, кај инфекции, кај спортисти под режим на интензивен тренинг, кај зголемена простата итн.

Каде го има цинкот?

Морската храна, а посебно школките се богати со цинк, потоа црвеното месо, јајцата, тофу, грав, грашок и пченични р`кулци...

Дозирање и токсичност

Препорачана дневна количина (RDA) на цинк е 12 - 15 mg. На лесен недостаток на цинк најмногу се изложени трудниците и тинејџерите, па тие имаат поголема дневна потреба за цинк (25 - 30 mg дневно). На спористите се смета дека им се доволни 15 mg цинк дневно. Количините од 50 mg дневно се резервирани за посебни состојби, а за тоа одлучува лекарот.

Треба да се свати дека количината на внесениот цинк мнову зависи од прехрамбените навики. Јасно е дека љубителите на морската храна ќе стојат подобро од оние кои најдалеку одат до својата самопослуга.

При големи дози на цинк (до 300 mg дневно) може да се јави нагон за повраќање, болки во желудникот, иритација на устата, а можно е да дојде и до пореметувања во имунолошкиот систем. Бидејќи цинкот ја блокира апсорпцијата на бакар, не се препорачува негово подолготрајно земање. Спротивно на поранешните тврдења дека цинкот не е добар за Алцхајмеровата болест, утврдени се подобрувања по негово давање во вид на суплементи.

 

Прочитајте и: