• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Минералите – чувари на нашето здравје

Меѓу состојките на храната, минералите завземаат посебно место. Тие се важни елементи на сите клетки, неоходни се за стварањето на крвта и коските, како и за одржување на здравјето на нервниот и ендокриниот систем.

Секој минерал има своја функција и значење.

Натриумот се наоѓа во телесните течности, односно во крвта, солзите, потта. Со натриумот и хлоридот правилно се распоредува течноста, се контролира тонусот на мускулите и се контролира нервната функција. Најмногу го има во солта, во солените намирници и во сосот од соја.

Калциумот доминантно се наоѓа во коските. Остатокот од калциумот се наоѓа во крвта и учествува во метаболните функции. Овој минерал има важна улога при мускулните контракции. Најмногу го има во млечните производи и во рибата.

Магнезиумот е важен за здрава функција на нервите и мускулите, како и за здрава функција на срцето. Од витална важност е за правилниот раст на коските. Извор на овој минерал се житариците, мешункастиот и зелениот зеленчук, семките, производите од соја, лешниците, оревите и минералната вода.

Флуоридот, исто така, е неоходен за правилен развој, цврстина и трајност на коските. Претставува форма на флуор и помага во одржување на цврсти, здрави и отпорни заби. Најмногу го има во морската риба.

Цинкот помага во одржувањето на имунитетот, но е важен и за здравјето на репродуктивните, посебно на машките полови органи. Го има во месото, рибата, грашокот, целите житарици, семките од тиква, печурките и пивскиот квасец.

Јодот примарно е одговорен за правилниот развој и работа на штитната жлезда. Доколку го нема доволно, може да дојде до зголемување на штитната жлезда. Најдобар извор на јод е јодираната сол, јогуртот и морските плодови.

 

Прочитајте и: