• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како да го зачуваме здравјето на желудникот? Печати

Здравјето на желудникот е директно поврзано со начинот на исхраната, но и со стресот. Желудникот, освен што реагира на тоа што јадеме и пиеме, тој е исклучително чувствутелен и на стресот и другите психолошки пореметувања. Основна задача на желудникот е да со помош на својата киселина и контракции ја омекне и разгради храната. Храната ќе ја неутрализира излачената желудечна киселина.

Но, кога во желудникот нема храна, а зголемено се лачи желудечна киселина, од одредени причини (на пример стрес), ќе дојде до оштетување на слузницата на желудникот. Желудечната киселина ќе го нападне желудникот. Тоа може да доведе до развој на воспаление (гастрит) и чир.

Често причини за желудечните тегоби се и одредени лекови, како и бактеријата Helicobacter pylori. Покрај болката во желудникот, предупредувачки симптоми се и: кисело подригнување, печење и жарење во желудникот, грчеви, нагон за повраќање, чуство на претерано полн желудник, губиток на апетит. За среќа, гастритот и чирот не настануваат „преку ноќ“, па затоа со правилна и навремена промена во исхраната може да се спречи нивното настанување. Затоа е важно да при првите симптоми, веднаш се започне со овие превентивни мерки. Со правиот и здрав начин на исхрана, како и со здравите животни навики, ќе се отстранат присутните почетни симптоми и ќе се превенира гастрит.

Елиминирајте ја храната и пијалиците кои му штетат на желудникот

Треба да се избегнува пржена, сило зачинета и претерано масна храна, алкохол, газирани пијалоци, кафе, чај (посебно на празен желудник), готови индустриски јадења, брза храна („fast food“).

Водете дневник на исхраната. Кога ќе се јават желудечни тегоби, потсетете се што сте јаделе за да оцените дали постои нешто што посебно му штети на вашиот желудник.

Маслиновото масло делува антивоспалително. Консумирајте мали и чести оброци, за да не се лачи во преголеми количини желудечна киселина и за да биде желудникот во текот на целиот ден заштитен. Доколку имате вишок килограми, време е сериозно да размислите за нивно намалување.

Престанете со пушење, а ако не можете да се откажите од пушењето, барем намалете го и никогаш, ама баш никогаш, не пушете на празен желудник.

Обидете се да практикувате медитација, автоген тренинг, антистресни програми. Разговарајте со вашите пријатели и со стручњаците за се она што ве мачи. Обидете се да имате оптимистички поглед на животот, бидете физички активни, најдете време за спорт и рекреација.

Земајте што помалку лекови, а ако некои лекови се неоходни, земајте ги според препораките на лекарот. Инннформирајте го вашиот лекар за проблемите со желудникот. Можно е да постои замена за некој лек или да се прилагодат дозите и начинот на земање на лекот.

Уживајте во храната, јадете полека и во пријатна атмосфера, свесно џвакајте ја храната што подолго.

Во акутните фази, односно, кога ќе се јават симптомите, но и некое време по смирувањето на симптомите, држете диета составена од претежно кашеста храна и пијте млак чај од камилица, од нане, или од мешавина на лековити билки која е специјално направена за лекување на воспаление на желудник.

Природниот мед и екстра девственото маслиново масло делуваат антивоспалително. На лицата со чувствителен желудник им се препорачува сојата и намирниците од соја.

Доколку желудечните тегоби се присутни и покрај примената на овие методи или ако тие се влошуваат, јавете се што е можно порано на лекар.