• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Аспиринот го слави својот 101 роденден Печати

Истражувањата докажале дека аспиринот може да спречи срцеви и мозочни удари, а делува превентивно и на ракот на дебелото црево и на Алцхајмеровата болест.

Аспиринот, најчесто применуваниот лек против болка и грозница, оваа година го прославува својот 101-ви роденден.

Аспиринот, кој веќе повеќе од 100 години е признаен како најчесто користен лек против болки и грозница, доби одобрување и за употреба во превенцијата на срцевиот и мозочниот удар. Кардиоваскуларните заболувања, како и мозочниот удар се најчести заболувања во развиените земји. Големиот пораст на заболени од срцеви болести е навистина цивилизациски проблем на Америка и Запад. Затоа е исклучително важна улогата на аспиринот во превенцијата. Денес „баеровиот аспирин“ е одобрен во 38 земји за примарна, а во цел свет за секундарна превенција на кардиоваскуларните заболувања. Според истражувањата, со земање на аспирин, кај наизглед здравите мажи се намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања дури за 44 %.

Докажано е дека кај лицата, кои веќе прележале срцев инфаркт или мозочен удар, земањето на „аспирин“ може да ги намали шансите за повторување на болеста.за 25-35%

Ефектот на превентивното земање на аспиринот процентуално се зголемува кај лицата со поголем ризик за настанување на овие заболувања.

Како лек со исклучителна достапност и со ниска цена, аспиринот претставува едно од најзначајните откритија на нашето време. Но, како и кога се работи за било кој друг лек, така и за аспиринот важи дека одлуката за терапија с овј лек мора да се донесе во консултација со лекар.

Последните истражувања даваат надеж деја аспиринот може да помогне и во превенцијата и лекувањето на некои видови на рак, на Алцхајмеровата болест и хипертензијата.

Последниве години три големи клинички студии потврдиле дека спиринот даден во мали дози довдува до значителн намалување на ризикот од рак на дебело црево. Друга клиничка студија покажала дека аспиринот во мали дози, кога се зема пред спиење, го намалува нивото на крвниот притисок кај пациентите со потенцијална хипертензија.

Аспиринот може да го намали ризикот за развој на зголемена простата.

Научниците од Клинката Mayo во Minnesotа утврдиле дека аспиринот ја намалува опасноста за развој на зголемена простата кај повеќето мажи. Но научниците не им го препорачуваат аспиринот на сите мажи, поради познатите несакани ефекти на овој лек. Ова откритие е објавено во стручниот часопис American Journal of Epidemiology.

„Земањето на аспиринот не можеме да им го препорачаме на сите мажи кои патат од зголемена простата, но ако мажите од порано редовно го земале овој лек, поради друга причина, и немаат никакви несакани ефекти од него, сметаме дека овој лек и за ова ќе им биде од корист“, вели раководителката на ова истражување Dr. Jenny St. Sauver.

Dr. Jenny St. Sauver изјавила дека научниците сеуште не утврдиле на што се должи ефикасноста на нестероидните лекови во лекувањето на зголемента простата.

Историја на „аспиринот“

Германскиот хемичар Феликс Хофман, во 1899 – та година, за прв пат го синтетизирал аспиринот во вид на прашок, за да му ги намали болките на својот татко предизвикани од ревматизмот. Од тогаш па до денес, со наизглед неограничен потенцијал, аспиринот остана еден од најпроучуваните лекови во светот. За аспиринот се направени преку 200 клинички студии, во кои биле вклучени повеќе од 200 000 пациенти. Но, истражувачите ширум светот продолжуваат со испитувањето на потенцијалната корист на аспиринот и кај другите заболувања. Сер Џон Вејн, кој во 1971 –та година го открил механизмот на делувањето на ацетилсалицилната киселина (активната состојка на аспиринот), за своето откритие ја добил Нобеловата награда за медицина.