• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
На кого ќе му се обратиме за помош кога имаме психички проблеми? Печати

Во принцип, може да побараме помош и од психолог и од психијатар, бидејќи и едниот и другиот се грижат за душевното здравје на луѓето. Сепак, постојат значајни разлики помеѓу овие две професии.

На кого ќе му се обратиме за помош, ќе зависи од видот на проблемот и од пореметувањето, но зависи и од самиот човек. Понекогаш проблемот е едноставен, и, за да се реши, доволен е еден или неколку разговори со стручно лице, кое се бави со психотерапија или советување. Но, проблемот може да биде и посериозен и тогаш помош пружаат и невропсихијатрите, често во соработка со психијатрите или психолозите.

Психијатар е лекар кој најпрво завршил Медицински факултет, а потоа и специјализација од областа на психијатријата, наука која се бави со душевните болести и со нивното лекување. Психијатрите лекуваат со медикаменти (лекови) и со психотерапија. Психијатрите работат на Клиника или во болница. За разлика од психологот, психијатарот може на пациентот да му препише лекови.

Психологот завршил студии од психологија, наука која пошироко го проучува човечкото однесување и психа и се бави со различните аспекти на психичкиот живот, како на пример, какви ставови имаме во животот, како памтиме, што влијае на нашето однесување, какви се нашите карактерни особини и слично. Само еден нејзин сегмент, клиничката психологија, се бави со изучување и лекување на психичките заболувања и со пружање на психолошка помош. Психологот може да работи во училишта, во фирми, на институти и во болници.

Невропсихијатрите се, исто така, лекари, но тие по завршувањето на Медицинскиот фактултет, имаат и специјализација од областа на невропсихијатријата, наука која ја опфаќа прихијатријата и неврологијата, и која се бави со органските и функционалните заболувања на нервниот систем. Невропсихијатрите работат на Клиника и во специјализираните болници.

Кој е од нив психотерапевт?

И психологот и психијатарот и невропсихијатарот можат да бидат психотерапевти, ако дополнително се едуцираат за одредена психотерапија. Едукацијата трае неколку години и идниот психотерапевт, покрај тоа што учи теорија, минува и низ практичен дек од областа на психотерапијата и психоанализата.