• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Пирамида на здрава вегетаријанска исхрана

Планирање на вегетаријанска исхрана

Здравата вегетаријанска исхрана не значи едноставно исфрлање на месото од исхраната. Потребни се повеќе чекори за да се обезбеди задовoлување на сите дневни нутриционистички потреби.

Лицата кои од својата исхрана ги исфрлиле сите животински производи (вегани), може да имаат потешкотии при задоволување на своите дневни потреби за протеини, цинк и железо. Сепак и овие лица, доколку правилно ја избалансираат исхраната, може со неа да ги обезбедат сите потребни нутритиенти. Важно е да се има на ум дека ниту еден оброк не смее да се пропушти и дека храната, која се консумира, мора да биде разновидна.

Здравата вегетаријанска исхрана се состои примарно од храна од растително потекло, како овошје, зеленчук, цели зрна, мешунки, јаткасто овошје и семки. Бидејќи акцентот е ставен на немесните извори на храна, вегетаријанската исхрана генерално содржи помалку масти и холестерол и типично вклучува повеќе влакна.

Пирамида на здрава вегетаријанска исхрана

Благотворното делување на вегетаријанската исхрана е докажано во бројни научни студии. Ваквата исхрана е здравствено прифатлива и може да ги обезбеди сите потребни нутритиенти, но само ако е правилно испланирана.

Со цел да се олесни планот на вегетаријанската исхрана, формирани се пирамиди на правилна исхрана за вегетаријанците и веганите.

Пирамидата на вегетаријанска исхрана претставува традиционална здрава вегетаријанска исхрана. Варијации постојат во различни делови на светот, посебно во делови од Северна Америка, Европа, Јужна Америка и најзначајно во Азија. Фразата „традиционална вегетаријанска исхрана“ се користи за да се претстави здравата традиционална ово-лакто вегетаријанска исхрана во овие региони.

Здравата исхрана содржи количина на есенцијални хранливи материи и енергија потребна да ги спречи нутриционистичките недостатоци и вишоци. Здравата исхрана, исто така, обезбедува баланс на јаглехидрати, масти и протеини, со цел да ги редуцира ризиците од хронични заболувања. Балансот на хранливите состојки се обезбедува со разновидна исхрана. Растителната храна која содржи протеини придонесува со околу 65 % во снабдувањето со протеини по глава на жител на светско ниво. Вегетаријанските оброци може да бидат многу вкусни и интересни, особено кога се комбинираат повеќе варијации на зрнести производи, овошје и зеленчук, со додавање најразновидни зачини и билки, повеќе опции на масла и сирења и.т.н.

Вообичаена храна од вегетаријанската исхрана

  • Леб, тестенини и друга зрнеста храна од овес, пченица, ориз, хелда, ленено семе, булгур, амарант, просо, јачмен и др.);
  • Овошје - грозје, суво грозје, круши, авокадо, портокали, диња и лубеница, јаболки, банани, сливи, цреши;
  • Зеленчук - печурки, домати, кељ, брокула, блитва, слатки компири, пиперки, аспарагус, краставици, компири, кромид, моркови, зелка, тиква, праз, модар патлиџан, целер, зелена салата, и мешунки - соја, црвен грав, грав, леќа, грашок и производи од нив;
  • јајца;
  • млеко, сирење и јогурт од соја;
  • Јатки и семки - орев, ф'стаци, бразилски ореви, бадем, сусам, семки од тиква, лешник, кикиритки, индиски ореви и др.
  • растителни масла (пченка, авокадо, маслиново масло, соино масло, сончогледово масло, сончигледово, од кикиритки);
  • слатки - пита, сладолед, торта, колачи;

Клучната работа во здравата вегетаријанска исхрана, или било која исхрана или диета, е да се консумира многу разновидна храна. Едноличната храна, колку и да е здрава, неможе да ги обезбеди сите потребни хранливи материи. Разновидната храна помага да се внесат сите потребни нутритиенти, кои се потребни за одржување на здравјето.

 

Прочитајте и: