• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Борбата против малигните заболувања започнува на здравата трпеза

Научните откритија дека некои молекули на храната можат да ја заштитат ДНК и да го спречат развојот на туморот, всушност ја потврдиле тезата дека ракот всушност се јавува како последица на оштетените гени.

Од друга страна пак, тоа ја олеснува и превецијата и борбата против сите видови на малигни заболувања, бидејќи многу од овие малигни заболувања може да се спречат на наједноставен начин – со правилна и здрава исхрана.

Портокалите за здрав желудниик

Агрумите (лимон, порокал, мандарина), освен што содржат витамин Ц, чии оксидативни својства се добро познати, претставуваат и вистински фитохемиски лаборатории. Студиите покажале дека портокалите се посебно ефикасни во превенцијата на туморите на хранопроводникот и на желудникот. Истражувачите, исто така, докажеле дека полифенолите и терпените го запираат растот на туморските клеки.

Ова овошје, сепак е најкорисно во превенција на болестите, бидејќи го поттпомага процесот на детоксикација на организмот. Портокалите содржат и полиамини, кои учествуваат во регулацијата на делбата на клетките. Затоа салатата зачинета со сок од портокал е одлично природно превентивно средство. Црвените портокали се уште поздрави. Тие содржат мноштво антоцијанини, природни пигменти кои имаат јаки антиоксидативни својства.

Алгите го забавуваат равојот на туморот

Алгите се богати со минерали (јод, калиум, калциум и железо), протеини и есенцијални аминкокиселини, кои самиот организам неможе да ги синтетизира. Покрај тоа, алгите се многу богати со растителни влакна, а сиромаштни со масти. Некои студии покажале дека естрактите од алгите можат да го успорат растот на малигните клетки. Алгите се консумираат во мали количини.

Антиканцерогените својства на зачините

Џумбирот има, покрај антиканцерогени, и антивоспалителни својства, бидејќи ги блокира ензимите кои го предизвикуваат воспалението. Антиканцерогени својства имаат и некои билки, кои типично се користат како зачини во медитеранската исхрана, како што се нане, тимијан, мајоран, оригано, босилок и розмарин. Тимијанот и нането содржат и лутеолин, полифенол за кој се смета дека може да го успори создавањето на новите крвни садови во туморот. Количината на активните материи кои се користат во лабораториските експерименти се многу повисоки од оние што човекот може да ги внесува секојдневно и затоа здравата исхрана е многу важна.

Риба и семе од лен – богати извори на есенцијални масни киселини

Рибата е богата со протеини и може да го замени месото. Таа содржи есенцијални масни киселини омега 3, кои се многу корисни во превенција на ракот и кардиоваскуларните заболувања. Најголема количина на омега 3 содржи масната риба – сардината и лососот. Колку е рибата поситна, толку е побогата со овие корисни материи. Некои студии докажале дека омега 3 масните киселини ја намалуваат опасноста од рак на дојка, на дебело црево и на простата. Тие, исто така, ја намалуваат способноста на малигните клетки да формираат метастази. Најголем извор на омега 3 масни киселини од билно потекло е лененото семе, кое покрај омега 3 содржи и фитоестрогени.

Освен омега 3, треба да се земат во предвид и масните киселини омега 6, кои се воглавно од животинско потекло. Ги има во месото, во јајцата, во растителното масло. Организмот ги користи омега 6 масните киселини за произведување на супстанции кои се борат против воспаленијата.

 

Прочитајте и: