• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Рак на простата Печати

Карциномот на простатата е на второ место по честота на јавување во развиените земји кај мажите постари од 50 години. Од 1000 мажи на возраст над 50 години, околу 136 ќе заболат од рак до нивната 80-та година, а околу 27 од нив ќе умрат. Во Европа, како причина за смрт кај мажите, ракот на простатата е на второ место веднаш по ракот на белите дробови. Ракот на простата веќе избил на прво место во САД.

Годишно од болеста, која е на второ место по смртност кај мажите во Македонија, заболуваат околу 70 нови пациенти, а дури 90% од нив се откриваат во доцна фаза кога и целосното из лекување на болниот е речиси невозможно. Оваа болест ги погодува мажите по 50-та година. Во земјава, дури две третини од болните кои добиле рак на простата се мажи постари од 65 години.

Во светски размери годишно се регистрираат околу 400 000 нови случаи, од кои дури 170 000 случаи завршуваат со смртност.

Бројката на болни и кај нас од година во година се повеќе се зголемува, додека пак свеста на граѓаните за навремени прегледи е многу мала. Ракот на простатата во Македонија е во пораст.

Ваквите бројки треба да го загрижат македонскиот маж, но и здравствената власт и да ги на те раат двете страни да ја подигнат здравствената култура со редовно одење на преглед, но и со доволно пари за превенција на болеста.

Годишно се јавуваат само дваесетина болни кај кои ракот на простатата е откриен навреме. Тоа значи дека кај многумина пациенти болеста не се открива во рана фаза, туку многу подоцна, кога болниот веќе има метастази. Тие болни имаат помали шанси за целосно излекување. Причина за ваквата состојба е немањето конкретни симптоми кои би го предупредиле мажот дека станува збор за некаква болест. Дотолку повеќе што на многумина мажи и малкуте симптоми им се чинат нормална работа. Го лем број од мажите, и кога ќе се појават симп томите од оваа болест, од страв го игнорира ат тој факт. Мажите со страв и срам доаѓаат да извршат прегледи, иако лекувањето за ви си од тоа во кој стадиум е откриен карциномот. Затоа е потребно да се подигне општата и медицинска култура кај мажите, со цел карциномот да се открие што порано. Ра ната дијагноза и неговата навремена терапија доведува до целосно излекување дури во 98% од случаите. Токму поради ваквата висока стапка на преживување во раните стадиуми на болеста, се препорачува, секој маж над 50-та година, без разлика дали има проблеми со мочањето, да отиде еднаш до два пати во годината на преглед. На тој начин ќе се овозможи навремено и успешно излекување на карциномот.

Пропустот за раното дијагностицирање на карциномот на простатата не е само кај пациентите, туку и кај лекарите од примарниот сектор, кои треба да и укажат на машката популација за можноста од појава на овој вид карцином, особено по 50-та година од животот.

Пред три години, Светската здравствена организација го прогласи 15 септември за Светски ден на заболувањата на простатата. Македонските уролози и онколози се приклучија кон светската кампања за одбележување на 15 Септември, кој во 2005 год. беше посебно посветен на ракот на простатата.

Причината за појава на ракот на простатата е нејасна, но најчесто е врзана со присутната генетска предиспозиција, етникумот и начинот на живеење. Многу студии покажале дека внесувањето на поголема количина на месо, месни производи, т.е. животински масти во исхраната, а помалку овошје и зеленчук се најчести ризик-фактори за појава на болеста. Исто така и изложеноста на тешки метали го зголемува ризикот за настанувањето на карциномот на простатата.

Ракот на простатата е поврзан со тестисите. Лачењето на хормони од нив не е само причина за појава на болеста, туку и за нејзиното ширење. Затоа примената на хормонската терапија игра важна улога во третманското водење на карциномот на простатата, како самостојна или во комбинација со другите тераписки модалитети.

Ракот на простатата може да се открие со обичен ректален преглед, преку ехо-дијагностика или со тумор-маркери.

Карциномот на простатата е индивидуална и непредвидлива болест, чиј малигнен потенцијал не може секогаш да се предвиди. Обично тоа е споро растечки тумор кој се развива со години. Многу постари мажи имаат карцином на простата без присутни симптоми и водат нормален начин на живот, така што умираат „со него“, но не „од него“.

Испитувањата покажуваат дека повеќе од 40% од мажите над 70 години и повеќе од 50% од мажите над 80 години имаат скриен „латентен“ рак на простатата.

Ракот е излечива болест ако навреме се открие - потсетуваат членките на Македонската антиканцер асоцијација.