• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Што е шеќерна болест (дијабет)? Печати

Дијабет настанува кога во организмот го нема доволно хормонот - инсулин. За да може да работи нашиот организам, мора да обезбеди неопходна енергија. Организмот ја добива оваа енергија, така што храната која ја прима ја разградува до гликоза, која понатаму главно ја користи за енергија. Овие процеси се случуваат во цревата и во црниот дроб, а се потпомогнати со одредени ензими.

Гликозата преку крвотокот патува низ целиот организам, но таа не може да се употреби за енергија од страна на клетките, додека не навлезе во нивната внатрешност. Инсулинот преставува клуч кој што овозможува гликозата да навлезе преку sидот во внатрешноста на клетките. Ако нема доволно инсулин гликозата ќе се натрупува во крвта, клетките нема да имаат доволно енергија за нормална работа, а тие луѓе ќе се чувствуваат болни.

Инсулинот се произведува во панкреасот.

Панкреасот е жлезда со внатрешно и надворешно лачење.Таа е долга околу 15 cm и има форма на положена буква Ј, чиј поширок крај се нарекува глава, средниот дел се нарекува тело, а најтесниот дел од жлездата се нарекува опаш.

Панкреасот е сместен зад желудникот и лежи пред `рбетниот столб. Личи на положена тенка круша.

Овој орган во човековото тело има две важни фукции:

  • произведува и лачи дигестивни сокови, кои помагаaт во варењето на храната,
  • произведува и лачи хормони (инсулин и глукагон), кои го регулираат нивото на шеќерот во крвта. Овие хормони помагаат организмот да ја складира и користи добиената енергија од храната.
  • Соковите кои помагаат во варењето на храната се создаваат во егзокрините панкреасни клетки (клетки со надворешно лачење), додека пак хормоните како што се: инсулинот и глукагонот се создаваат во ендокрините панкреасни клетки (клетки со внатрешно лачење).

Типови на дијабет

Постојат два главни типа на дијабет: тип1 и тип2.

Децата и младите луѓе обично добиваат тип 1 дијабет, кој се јавува поради недостиг на инсулин.

Луѓето кои добиваат дијабетес во постарата возраст, обично добиваат тип 2 дијабет- кога имаат инсулин, но тој не делува нормално. Иако ретко, и во детската возраст може да се јави овој тип 2 дијабет.

Тип 1 дијабет (порано нарекуван инсулинозависен тип на дијабет).

Овој тип на шеќерна болест се јавува при тежок недостаток на инсулин, поради деструкција на повеќето или на сите клетки на панкреасот, кои лачат инсулин. За да може пациентот да се одржи во живот, тој мора редовно и доживотно да прима инсулин, во вид на поткожни инекции.

Тип 2 дијабет (порано нарекуван инсулинонезависен тип на дијабет).

Овој тип шеќерна болест се јавува кога панкреасот сеуште излачува инсулин, но во недоволна количина и/или излачениот инсулин не ги дава очекуваните ефекти. Во поголем број на случаи, нивото на гликозата во крвта може да се намали само со диета или и со диета и таблети, иако понекогаш е потребно да се во терапијата внесе и инсулин.

Овој тип на дијабет обично се јавува кај лица постари од 40 години. Почетокот е постепен и често болеста се открива случајно.

Главните симптоми на нелекуваниот дијабет се зголемено и зачестено мочање, зголемена жед, јадеж на гениталните органи, екстремна општа малаксаност и заматен вид.

Овие симптоми обично се поизразени кај инсулинозависниот тип на дијабет (тип 1 дијабет).

Кога шеќерот во крвта порасне над одредено ниво, тој се излачува преку мочката. Бубрезите заедно со шеќерот излачуваат и повеќе течност, а тоа резултира со почесто и пообилно мочање (се измочува поголема количина на мочка). Овој губиток на течности доведува до зголемена жед.

Мочката која содржи големи количини на шеќер го дразни гениталниот предел и може да дојде до непријатен јадеж и развој на инфекции.

Кога организмот не е во состојба да ја користи гликозата како извор на енергија, тој се усмерува кон алтернативни извори на енергија и доаѓа до разградување на телесните масти и белковини. Ова доведува до губиток на телесната тежина, кој губиток поекогаш може да биде брз и силно изразен.

Малаксаноста и слабоста се последица на намалената количина на енергија.

Привремени пореметувања на видот може да се јават кога силно зголемените вредности на гликемијата го спречуваат нормалното спроведување на светлоста низ окото

Како се добива дијабет?

Шеќерна болест кај деца

Дијабетот тип 1 настанува ако се оштетени клетките во панкреасот, кои заради тоа, не можат да создаваат доволно инсулин.

Одговорот на прашањето зошто некој добива тип 1 дијабет е комплициран.

Делумно ова може да се должи на гените кои детето ги наследува од неговите родители.

Покрај тоа , може да е резултат на претходна вирусна инфекција. Кај некои луѓе ваква инфекција влијае на имуниот систем , така да тој наместо да се бори против предизвикувачите на инфекција, ги напаѓа нормалните, здрави клетки на панкреасот, кои создаваат инсулин.

Дијабетот кај децата најчесто започнува на возраст од 12 -15 години, но некои деца може да го добијат многу порано, а кај други може да започне подоцна.

Какви проблеми предизвикува дијабетот?

Иако количината на инсулин се намалува постепно, детето најчесто се разболува акутно (оддеднаш).

Кога родителите ќе размислат ќе сфатат дека детето и претходно се жалело на следното:

  • Било постојано жедно.
  • Многу мокрело, дури станувало и ноќе да мокри.
  • Изгубило во тежина.
  • Чувствувало поголем замор од обично.

Често детето кога прв пат доаѓа во болницата е многу болно: дехидрирано ( изгубило многу течности), има чујно дишење, понекогаш е конфузно, со пореметена свест.

Со едноставни тестови докторот ќе ја испита крвта и мочката, за да види дали детето има дијабет.

Со адекватна терапија (користејќи инфузија за да се надокнадат течностите), детето ќе се чувствува повторно добро (обично веќе за неколу часа).

Ако тестовите покажуват дека се работи за дијабет, тогаш треба да се започне со третман со инсулин.

Како се лекува дете со тип 1 дијабет?

За да биде добро детето кое има тип 1 дијабет, треба да прима инсулин до крајот на неговиот живот.

Обуката околу третманот ќе започне уште во болницата, но добро е да се вклучи и семејниот доктор. Иако пациентот е детето, сите членови на семејството треба да се обучат за дијабетот. За таа цел, родителите и детето ќе работат со тим на стручни лица, кои ќе им помогнат да научат да живеат со дијабет. Детето и семејството ќе научат:

  • Основни познавања за дијабетот.
  • Како да се направи гликоза тестот.
  • Како се дава ат инекции на инсулин- ова обично подразбира употреба на специјални инсулински пенкала.
  • Како да се спроведува диета - да прима вистинска храна во вистинско време.
  • Колку е важно да се вежба.
  • Како детето да го прифати дијабет от - повеќето деца се гневни и нерасположени зато а што имаат дијабет.
  • Како да препознаат кога е низок крвниот шеќер.
  • Како да препознаат кога е висок шеќерот во крвта.
  • Што да направат за да го покачат нивото на шеќерот во крвта.

Водење на дијабет

Децата со дијабет мораат:

  • Да внимаваат што јадат и особено никогаш да не ги прескокнуваат оброците,
  • Редовно да го прегледуваат шеќерот во крвта,
  • Секогаш да имаат инсулински инекции,
  • Редовно да вежбаат (физички да се активни).
  • Да се забавуваат како и другите деца. Ако добро се води дијабетот, нема причина овие деца да не се забавуваат, како и другите деца.

Луѓето со дијабет не се болни, но, тие треба повеќе да работат за да останат здрави.

Возрасните почесто заболуваат од Тип 2 дијабет

Тоа е многу честа болест од која главно заболуваат постари луѓе.

Причините за тоа се претераната телесна тежина и недоволната физичка активност.

Дебелите деца имаат ризик за овој тип на дијабет. Одржувајќи ја тежината во норамални граници и развивајќи навика за вежбање , како дете, всушност превенирате развој на ваков тип на дијабет, подоцна во животот.

alt

Запознајте се со главните симптоми на нелекувана шеќерна болест (diabetes mellitus):

  • зачестено и пообилно мочање,
  • силна жед,
  • јадеж на гениталните органи,
  • општа малаксаност и нагло губење на телесната тежина,
  • заматен вид,
  • повракање и болки во стомакот,
  • ноќно потење.

 

14 Ноември - Светски Ден на Дијабетот

Интернационална федерација за дијабет (ИДФ) и Светската здраствена организација (СЗО) вo 1991g. за прв пат го одбележаа 14 Ноември како Светски Ден на Дијабетот. Ова имаше за цел да ја разбуди свеста кај луѓето за дијабетот, честа болест, чиј број на заболени денес изнесува 245 милиони лица, со тенденција за пораст во наредните две децении кога, според статистиката би достигнала до 380 милиони.

Во 1920 година Frederick Banting и Charles Best со своето револуционерно откритие на инсулинот ја променија прогнозата на оваа до тогаш смртоносна болест. Во таа чест, роденденот на Frederick Banting, 14 Ноември е официjално прифатен за ден на дијабетесот. Знакот на едноставен син круг беше усвоен од Здружението за Дијабетес како официјално лого на светскиот ден на дијабетесот. Кругот симболизира живот и здравје, а сината боја го симболизира небото кое ги обединува сите луѓе на светот и воедно е бојата на знамето на ООН.

Според дефиницијата на СЗО, шеќерната болест претставува синдром на хронична хипергликемија што настанува како резултат на недоволно ниво на инсулин во крвта од една страна или пак неможност клетките во човековиот организам да го користат инсулинот за искористување на гликозата како храна. Во сите развиени општества дијабетот е рангиран меѓу водечките причини за слепило, бубрежна инсуфициенција и ампутација на долните екстремитети. Околу 70-80% од луѓето со дијабет умираат од кардио-васкуларни болести.

Дијабетот е четврта или пета причина за смрт во развиените земји, а како епидемија се шири и во земјите во транзиција и земјите во развој

 

80.000 регистрирани случаи на заболени во Македонија

Во Македонија има околу 80.000 регистрирани случаи на заболени од шеќерна болест, а нивниот број во последниве години се повеќе се зголемува.

Според резултатите на Националната студија за шеќерна болест направени во Институтот за јавно здравство, се смета дека околу 150.000 луѓе во возрасната група од 20-74 години се под ризик да добијат шеќерна болест, а околу 20.000 веќе ја имаат, но за тоа ниту тие знаат ниту се лекуваат. Бројот на нерегистрираните случаи на дијабет е многу поголем што претставува голем јавно-здравствен проблем, укажува Републичкиот завод за здравствена заштите по повод Светскиот ден на борба против шеќерната болест - 14 ноември.

Шеќерната болест е тесно поврзана со зголемена телесна тежина и луѓето кои се дебели имаат многу поголем ризик да добијат шеќерна болест. Се проценува дека околу 65% од жителите на Макеоднија на возраст од 20 до 74 години имаат зголемена телесна тежина.

Со цел да се превенира дијабетот, се препорачува државата преку своите институции интензивно да работи на менаџирање на болеста пред се со правилно регистрирање на сите заболени случаи, нивно редовно пријавување, рано откривање на сите потенцијални заболени и нивна превенција, како и рано и соодветно лекување, пред се со ран почеток на инсулинска терапија