• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Исхраната богата со растителни влакна ни го продолжува животот

Според истражувањето, спроведено во САД на 388 122 испитаници, консумирањето на храна богата со растителни влакна може да го намали ризикот од умирање поради срцеви и респираторни заболувања или некоја друга причина за 22%.

Исто така, консумирањето на храна богата со растителни влакна е поврзано со помал ризик од развој на шеќерна болест, дебелина или некои видови на рак.

Растителните влакна се клучни за одржување на здравјето на организмот. Тие помагаат во одржувањето на нормалната функција на системот за варење. Позитивно делуваат на здравјето и се корисни во превенцијата и лекувањето на хроничните заболувања. Растителните влакна се комплексна мешавина на супстанции: различни полисахариди - целулоза, растителни смоли, пектин, агар, гума и хемицелулоза.

Растителните влакна не штитат од затвор, но и го намалуваат нивото на холестеролот во крвта, ги смируваат воспалените процеси и го намалуваат крвниот притисок.

Растителните влакна го забавуваат апсорбирањето на шеќерот во крвта, што значи дека со нивно консумирање се регулира и нормализира нивото на шеќерот во крвта. Храната богата со растителни влакна особено им се препорачува на дијабетичарите. Исто така, вклучувањето на растителните влакна во секојдневната исхрана го намалува ризикот од развој на дијабет.

Дневно е потребно да внесуваме 20 до 40 грама растителни влакна, а ги наоѓаме во житариците, мешункастиот зеленчук (соја, леќа), во зелениот и коренест зеленчук и во овошјето.

 

Најчитани наслови