• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Исхрана која го намалува ризикот за развој на дијабет

Шпанските истражувачи следеле 418 лица на возраст од 55 до 80 години. Тие дошле до заклучок дека оние лица кои се придржуваат на традиционалниот начин на исхрана имаат помал ризик да заболат од шеќерна болест во споредба со лицата кои се придржуваат на диета со помалку масти.

Традиционалната медитеранска исхрана е богата со зеленчук, интегрални житарици, риба и незаситени масни киселини од растително потекло – од маслиново масло и јатчести плодови. Од друга страна, во ваквата исхрана малку се застапени црвеното месо и полномасните млечни производи.

Во истражувањето, кое го водел Dr. Јordi Salas-Salvado, биле вклучени исклучиво лица кои имале најмалку еден фактор на ризик за срцева болест – покачен крвен притисок, пушење и друго.

Истражувачите ги поделиле испитаниците во три групи. Едната група била ставена на медитеранска исхрана, во која акцентот бил на маслиновото масло. Втората група, исто така, била ставена на медитеранска исхрана, но со акцент на јатчестите плодови. Третата група била ставена на исхрана со намален внес на сите видови на масти.

Не било барано од испитаниците да го ограничат внесот на калории или да бидат физички поактивни.

По четири години, во двете групи на медитеранска исхрана дијабетот се јавил кај 1 до 11% испитаници, додека во третата група дијабетот се јавил кај 18% испитаници.

Кога биле земени во предвид и другите фактори, како што се телесната тежина, пушачкиот стаж и нивото на физичката активност, се покажало дека медитеранската исхрана сама по себе го намалува ризикот од развој на дијабет тип 2 за дури 52%.

 

Најчитани наслови