• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Со босилок против несоница и стрес Печати

Често босилокот се користи како додаток на салатите, но и во многу јадења. Оваа билка има пријатен мирис и вкус. Босилокот има вкус кој потсетува на лето, море и сонце. Затоа не е и чудно што многу луѓе го сакаат и често го користат. Сега е токму сезона кога босилокот може да се користи свеж, иако како сушен може да се користи во текот на целата година.

Тој може да се става во храна, а од него се прават и ароматични маса.

Во овие зелени ливчиња се кријат преку 100 биолошки корисни материи, кои се многу здрави. Меѓу нив има витамини, минерали, олгоелементи...

Антистресна купка

Кога сте исцрпени или сте под стрес, топлата купка со екстракт од босилок ќе ви ја намали напнатоста. Топлата купка го релаксира телото, дишењето станува подлабоко, а секојдневниот стрес се губи за само 15 минути. Етеричните масла продираат преку кожата во лимфните и крвните садови и на тој начин се појачува нивното дејство. Мирисот на босилокот смирува и ја ублажува несоницата.

Рецепт: Помешајте 8 капки масло од босилок и 2 супени лажици слатка павлака. На овој начин етеричното масло подобро ќе се распореди во водата за капење и нема да ја иритира кожата.

Чај кој го смирува нервозниот стомак

Брзиот и динамичниот начин на живот, брзата и нездрава исхрана може да предизвика надуваност во желудникот и гасови. Во таквите ситуации помага чајот од босилок. Етеричните масти и другите материи кои се наоѓаат во чајот од босилок ја подобруваат прокрвеноста на слузницата на желудникот и цревата и ја смируваат.

Рецепт: десет ливчиња свеж или две кафени лажички сушен босилок се преливаат со 250 милилитри провриена вода. Оставете го чајот да постои 10 минути и процедете го. Пиете го полека, три шољи на ден.

Масажа која опушта

Ако сакате на неколку минути да побегнете од секојдневните обврски и да се наполните со нова енергија, тоа може да го сторите со масажа. Масажата на стомакот со масло од босилок го опушта телото, а ги ублажува и тегобите во малата карлица.

Рецепт: Помешајте шест капки масло од босилок со 5 лажици бадемово масло. Легнете на грб и 5 минути масирајте го стомакот во правец на стрелките на часовникот. Оваа масажа ги пушта грчевите на мускулите на малата карлица.

Напомена: Никогаш немојте да ставате на кожата чисто етерично масло од босилок, бидејќи тоа е многу концентрирано и може да ја надразни вашата кожа.

Мирисот од босилок ја ублажува главоболката

Веќе и самото вдишување на етеричното масло од босилок ја ублажува напантоста и главоболката, слично како што тоа го прави и прошетката на чист воздух. Покрај тоа, овој мирис ја подобрува и концентрацијата и издржливоста.

Рецепт: Додадете 4 капки етерично масло во водата во ламбата за арома-терапија. Оставете ја да гори најмногу еден час, бидејќи во спротивно мирисот може повторно да предизвика главоболка.

Сосот од босилок ги јакне нервите

Сосот од босилок е многу вкусен и здрав и често се користи како додаток на тестенините. „Песто“ сосот е густ сос од босилок, пињола, лук, пармезан и маслиново масло. Овој сос брзо се припрема, а е многу вкусен и здрав.

Рецепт: Сварете ги тестенините, прелијте ги со две супени лажици ладен „песто“ сос и од горе ставете неколку свежи ливчиња босилок. Витаминот Б и магнезиумот од босилокот се одлични за нервите.

Рецепт на песто сосот: За „песто“ сос се потребни: 125 g свеж босилок, 8 чешниња лук, 200 g пармезан, 1 кафена лажичка крупна сол, 200 ml маслиново масло. Лукот се изгмечува со солта, се додаваат ситно сецканите листови од босилок и изренданиот пармезан. На тој начин се добива хомогена смеса. На крајот се додава маслиновото масло и се промешува. Ако се служи со тестенини, сосот малку се разредува со водата во која се вареле тестенините.

Правилен начин на берење и чување на босилокот

Одгледување: Босилокот преку цела година може да се одгледува во саксии на сончево место. Семето р`ти на светлина, па при садење не треба да се прекрива со земја.

Нега: Босилокот треба редовно да се полива. Важно е земјата да биде секогаш влажна, но никогаш многу мокра.

Правилно берење: Не треба без ред да се кинат листовите, туку гранчињата треба секогаш да се берат одозгора, до следното гранче. Така босилокот убаво и густо ќе расте.

Чување: Листовите и гранчињата на босилокот можат да се исушат, но при тоа донекаде се губи и вкусот. Најдобро е да наберете свежи ливчиња и да ги ставите во шише со малиново масло. Откога ќе одстои недела дена, ваквото маслиново масло може да се користи како зачин за салати.

Каде може да се купи босилок: Свеж босилок може да се купи на пазарите и во некои супермаркети, додека сув босилок има во продавниците за здрава храна и во аптеките.

 

Најчитани текстови