• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Камен во жолчна кеса – превенција и лекување Печати

Каменот во жолчната кеса е доста често заболување. Најчесто се јавува кај лица помеѓу 30 и 60 годишна возраст, но може да се јави и кај помлади, па дури и кај деца. Одреден број на луѓе имаат латентен камен во жолчната каеса. Тоа значи дека тие немат никакви симптоми, немаат напади на болка и го носат каменот целиот свој живот. Некои истражувања покажуваат дека каменот во жолчката е почест кај жените отколку кај мажите.

Од оваа болест посебно често заболуваат дебелите лица. Постои и фамилијарна склоност према оваа болест. Исто така, каменот во жолчката се јавува и кај лица кои боледуваат од атеросклероза или висок крвен притисок, од шеќерна болест или од некое друго заболување поврзано со пореметената размена на материите. Не е редок случај болниот да има истовремено и камен во бубрегот.

Ноќни напади

Каменот во жолчката се ствара од жолчните бои, кречните материи и холестинот. Во стварањето на каменот во жолчната кеса најважна улога имаат воспалението на жолчната кеса, застојот во нејзиното празнење и изменетиот состав на жолчката. Покрај наведените фактори, склоноста кон старање на камења во жолчната кеса ја зголемува и неправилната исхрана, посебно внесувањето на големи количини на масти во организмот, физичката неактивност (претерано седење), нехигиенското облекување, бременоста и нередовната столица (запек).

Сè додека каменот лежи мирно во жолчната кеса, тој обично не предизвикува симптоми. Понекогаш постои тиштење од десната стана, под ребрата. Може да се јави и губиток на апетит, подригнување или повраќање. Но, дури придвижувањето на каменот или воспалението на жолчната кеса доведуваат до жолчен напад. Овој напад на жолчната кеса е карактеристичен и сигурен знак за камен во жолчката.

Нападот најчесто се јавува ноќе, после 2-3 часа од вечерата, посебно после некое масно јадење. Се јавуваат јаки болки од десната страна на абдоменот, под десниот ребрен лак. Болките се шират и во десното рамо и често се пратени со повраќање. Ако при нападот постои и воспаление на жолчната кеса, се јавува и зголемена телесна температура и треска. Понекогаш каменот може целосно да го затвори жолчниот канал, да го спречи излачувањето на жолчката и да предизвика жолтица.

Превентивни мерки

Жолчниот напад може да трае од неколку часа до неколку дена. Нападите може да се повторуваат во неравномерни временски периоди. Во некои случаи, после првиот напад брзо следи друг. Но, има и случаи кога помеѓу еден и друг напад поминуваат по неколку недели, месеци, па дури и години.

Жолчен напад може да се предизвика со се што предивикува движење на жолчната кеса или што зголемува лачење на жолчка.

На прво место тоа е храната: масти, јајца, квасец, сладолед, суво месо, но и преголемото возбудување, нервоза и стрес.

Механичкото придвижување доведува, исто така, до напад. Тоа се случува при трчање, возење или при јаки напори при дефекација.

И воспалението на жолчната кеса може да го придвижи каменот и да предизвика напад.

Со одредени мерки, како што се: умерена исхрана, благовремено лечење на воспаление на забите, на крајниците, на слепото црево, можат да се намалат шансите за стварање на камен во жолчната кеса.

Лицата кои имаат камен во жолчната кеса не смеат да консумираат масна храна и храна во големи количини, а облеката не би смеела ди ги стега нивните стомачни органи.

Хируршко лекување

Лекувањето на каменот во жолчната кеса е хируршко. Останатите мерки се превземаат за да се спречат жолчните напади. Најважна превентивна мерка е да не се јаде ништо што го зголемува лачењето на жолчката или предизвикува движење на жолчната кеса. Нервозите и стресот треба да се избегнуваат. Исто така, треба да се избегнуваат и големи физички напрегања.

Во случај на напад, треба да се повика лекар, а во случај на напад со висока температура, треба да се стават ладни облоги на стомакот, во пределот на жолчната кеса, пред да се отиде во болница.

Никогаш не треба да се земаат средства за смирување на болките, бидејќи со тоа може заболувањето да се маскира и да се оневозможи поставување на дијагноза.

Каменот во жолчната кеса e често причина за рак

Се смета дека на 100 извршени операции на отстранување на жолчна кеса, поради камен во неа, барем во еден случај е спречено настанувањето на ракот.

Затоа, нападот на жолчната кеса не треба да се занемари.

Ракот на жолчната кеса е исклучително ретко малигно заболување. Кога се дијагностицира, во 70% од случаите тој е придружен со присуство на камен во жолчната кеса. Каменчињата може да бидат причина за ова малигно зболување, бидејќи ризикот за малигната дегенерација е во корелација со времето на присуството на каменот во жолчната кеса.

Ракот на жолчната кеса обично се јавува кај постари лица како што може и да се очекува според честотата на појавување на каменчиња во жолчната кеса во таа возраст и два пати почесто се јавува кај мажите.