• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Никотинска киселина (витамин Б3 или ниацин)

За разлика од своите „роднини“ од Б-комплексот, витаминот Б3 се јавува во две форми: како никотинска киселина (ниацин) и како нејзина сол, т.н.никотинамид. И двете форми се активни, но на различен начин. Болеста која се јавува како последица на недосаток на овој витамин е пелагра. Денес пелаграта е многу ретка болест на Запад, но честа таму каде што е доминантна храна пченката, која е сиромашна со амино киселината триптофан (неопходна за претварање во ниацин) така и сиромашна со ниацин.

Никотинска киселина (витамин Б3 или ниацин) спаѓа во витамините од групата Б. Покрај никотинската киселина, во оваа група на витамини спаѓаат и:

  • витамиин Б1 (tiamin),
  • витамиин Б2 (riboflavin),
  • пантотенска киселина (витамин Б5),
  • витамин Б6 (piridoksin),
  • фолна киселина,
  • витамин Б12 (cijanokobalamin).

Се покажало дека никотинската киселина помага при покачен холестерол во крвта, при болни менструации, акни, фотосензитивност и некои други состојби.

Како делува витаминот Б3?

Никотинската киселина учествува во процесот на ослободувањето на енергијата од јагленохидратите и во претварањето на јагленохидратите во масти.

Интересно е дека никотинската киселина го регулира нивото на холестеролот, додека никотиамидот нема такво дејство. Многу истражувачи сметаат да во тој контекст се крие и одговорот за вишокот на холестеролот во организмот, кои има тенденција да се таложи. Но, за тоа сеуште нема докази.

Поради нејзиното големо учество во метаболизмот, се покажало дека никотинската киселина помага при зголемените концентрации на холестерол и на триглицериди во крвта, ја намалува можноста за настанување на катаракта, помага при болни менструации, при акни, при фотосензитивност и некои други состојби.

Каде го има витаминот Б3?

Најдобри извори на витамин Б3 се: пивскиот квасец, кикириките, рибата и месото. Витаминот Б3 го нема како посебен суплемент, туку се наоѓа во состав на мултивитаминските препарати.

Дозирање и токсичност

Бидејќи витаминот Б3 редовно се додава во брашното практично е неможен негов дефицит при нормална исхрана. Неговиот RDA (препорчан дневен внес) изнесува 18 mg, а максималната сигурносна граница (upper safe level) е 450 mg дневно. Во мултивитаминските препарати го има од 10 до 20 mg. Никотинамидот е по правило безопасен, но кога се консумира чиста никотинска киселина во поголеми количини (50 - 100 mg дневно), таа може да предизвика црвенило на лицето (flushing), што е само минлива појава која не остава последици. Во дози преку 1 000 mg дневно може да предизвика главоболка, болки во желудникот и други пореметувања.

 

Прочитајте и: