| Цисти на јајчникот и дојките |
|
Најпрво да те смирам малку, за да не си толку исплашена. Навистина нема потреба од страв и паника. Цистите на јајчникот и на дојките се многу честа појава кај помладите жени и тие се обично безопасни. Но, сепак потребни се редовни контроли. Затоа и твојот лекар ти препорачал контрола. Биопсија се прави на цисти на дојката, за да се види точно за што се работи. Цистите можат и самите со тек на време да се повлечат, или при пункцијата да се извлече течноста во нив, па тие полека да исчезнат. Затоа ти препорачувам да одиш на редовни контроли. Сега за сега нема место за паника. Најверојатно се работи за склоност на организмот да ствара цисти. Поздрав. Др.Л.Ацева. |