• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Премногу шеќер - поголемен ризик за тумор на штитна жлезда

Колку повеќе шеќер се внесува со исхраната, толку повеќе се зголемува ризикот за развој на тумор на штитната жлезда. Ова е резултат од една италијанска студија, објавена за Асоцијацијата за истражување на ракот (Airc). Според оваа студија, туморите на штитната жлезда се два пати почести кога во организмот се внесуваат преголеми количини на шеќер.

Во студијата биле вклучени 400 пациенти со рак на штитна жлезда и 600 здрави лица. Параметрите кои се испитувале (индексот и гликемиските вредности) биле одредувани првенствено со консумирањето на леб (кој претставува 33% од вкупниот внес на јагленохидрати), тестенини и ориз (29%).

Зголемените вредости на шеќерот во крвта може да бидат последица на исхраната богата со овие намирници, но и последица на недоволната консумација на овошје и зеленчук или, пак, последица на еднолична исхрана, која доведува до недостаток на јод и други елементи важни за нормалното функционирање на штитната жлезда.

 

Најчитани наслови