• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Дебело црево (колон и ректум) Печати

Дебелото црево (intestinum crassum) е дел од системот за варење. Тоа се надоврзува на тенкото црево и е со должина од 1.5 метри. За разлика од тенките црева, дебелото црево е со поголем дијаметар. На него се разликуваат 3 дела:

  • слепо црево (coecum) со црвовиден израсток (appendix vermiformis);
  • колон (colon);
  • право - задно црево (rectum), кое завршува со анусно црево.

Дебелото црево е мускулно лигавичен цевчест орган.

Колонот, според патот и местоположбата се дели на четири дела: нагорен колон (colon ascendens), напречен (colon transversum), надолен (colon descesens) и сигмоиден колон (colon sigmoideum).

Функција на дебелото црево

Варењето и репсорпцијата на храната, речиси во целост, се остварува во тенките црева. Црвениот сок од дебелото црево не содржи ензими. Главната компонента му е муцинот, а електрохемиската реакција му е алкална.

Во почетниот дел на дебелото црево делумно се одвива варењето на недоварените продукти под влијание на ферментите, кои дошле со химусот од тенкото црево. Во исто време, тука завршува и ресорпцијата на минималните количини на глукозата, аминокиселините, масните киселини и глицеролот.

Дебелото црево се одликува со богата црвена флора (цревни бактерии), која во нормални случаи не му пречи на човекот. Црвените бактерии со своите ензими ги разградуваат протеините, јаглехидратите и нивните деградациони продукти, при што во дебелото црево се создаваат гасови: јаглерод диоксид, водород, сулфурводород, метан, азот и токсичните материи: индол, скатол, амонијак и други. Најголем дел од овие материи се елиминираат од организмот, а еден дел се ресорбираат и неутрализираат од страна на хепарот. Цревните бактерии учествуваат во разградбата на целулозата. Некои од нив се одговорни за синтеза на витамините, како што е случај со витаминот К.

Ресорпција на дебелото црево

Дебелото црево од функционална гледна точка може да се подели на два дела.

Во почетниот, проксимален дел од дебелото црево се одвива ресорпцијата на водата и електролитите.

Дисталниот дел од дебелото црево служи за депонирање на фекалните маси, пред тие да бидат исфрлени во надворешната средина, со актот на дефекација.

Натриумовите јони се ресорбираат по пат на активен транспорт. Настанатите промени со електричниот потенцијал ги повлекуваат и хлорните јони од празнината на дебелото црево. Тоа предизвикува создавање на разлика во осмотскиот притисок меѓу цревната празнина и цревната лигавица, па затоа водата го следи патот на натриумовите и хлорните јони. На тој начин се остварува ресорпција на водата од дебелото црево. Ресорбираните материи влегуваат во портален крвоток.

Лигавицата на дебелото црево лачи бикарбонати јони во цревната празнина. Бикарбонатите вршат неутрализација на киселите продукти во химусот настанати од активноста на цревните бактерии врз хранливите продукти во химусот.

Во почетниот дел на дебелото црево под влијание на цревната флора се создаваат следниве витамини: витаминот К, витаминот Б12, тиаминот и рибофлавинот.

Создавање на гасови во дебелото црево е резултат на активноста на цревните бактерии.

Дигестија во дебелото црево

Дигестијата и ресорпцијата на храната завршуваат во дебелото црево. Во отсуство на ензими во цревниот сок од дебелото црево, активна е цревната микрофлора, која ги разградува несварените состојки од храната. Како последица се ослободуваат гасови и и токсични материи.

Одделни видови на бактерии учествуваат во биосинтезата на витамините К, Б1, Б2 и Б12). При долготрајна терапија со антбиотици, оваа цревна микрофлора може да се уништи, и да доведе доведе до несакани последици, односно до развој на патолоши бактерии и до воспаление.

Во дебелото црево, од несварените состојки на храната, секретите и цревните микрорганизми се формира фецесот (измет). Во него понекогаш можат да се најдат и цревни паразити. Изметот се отстранува од организмот преку контракцијата на мазните и напречно-пругстите мускули со процесот на дефекација.