• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Лекови
Лекови, стари и нови, тестирани и експериментални...

Бевацизумаб одобрен од Европската Комисија (European Union) за третман на напреднат рак на јајчник Печати

Лекот Бевацизумаб е одобрен од страна на Европската Комисија (European Union) за третман на ракот на јајчникот. Бевацизумаб во комбинација со стандардната хемотерапија (carboplatin и paclitaxel) е иднициран како третман од прва линија, по реализираниот оперативен третман, кај пациентките со напреднат рак на јајчник.

Повеќе...
 
FDA го одобри Denosumab за третман на коскените метастази Печати

Denosumab посупериорен во одложувањето на времето до првите коскени компликации кај пациенти со хормонски резистентен рак на простата.

Повеќе...
 
FDA гo одобрила Cabazitaxel за метастатски хормонски независен рак на простата Печати

NEW YORK - 17. јуни 2010 - US Food and Drug Administration (FDA) ги одобрила cabazitaxel инекциите во комбинација со prednizon за лекување на пациенти со напреднат хормонски независен рак на простата, кои претходно биле лекувани со docetaxel – базирана терапија.

Повеќе...
 
Печати

Pazopanib: Нов потентен и селективен тирозин киназа инхибитор за прва линија терапија на пациенти со напреднат рак на бубрег

PAZOPANIB е таргетирана канцер терапија. Делува на начин што ги блокира специфичните протеини кои се причина за раст и метастазирање на туморот (протеин кинази). Pazopanib е мулти тирозин киназа ихибитор на VEGFR-1, VEGFR-2, VEGFR-3, PDGFR-α и –β, FGFR -1 и -3, Kit, Itk, Lck и c-Fms.[1] Ефикасно и селективно ги инхибира клучните киназа рецептори поврзани со ангиогенезата и пролиферацијата на туморските клетки. Има висока потентност да го инхибира VEGFR-2, примарниот медијатор на VEGF-индуцираната ангиогенеза.[2,3] Минимално ги инхибира другите кинази вклучувајќи Flt-32, кој е клучен регулатор на пролиферацијата и диференцијацијата на хематопоетските прогениторски клетки.[4]

Комерцијална објава © 2010

Повеќе...
 
Терапија на одржување со Тарцева (ерлотиниб) после прволиниски третман на неситноклеточен белодробен карцином Печати

Пронаоѓањето и употребата на новите лекови за третман на белодробен карцином доведоа до менување на пристапот во лекувањето на неситноклеточниот белодробен карцином, и поместување на границите на ефикасност во третманот.

Комерцијална објава © 2010

Со досегашниот тераписки пристап, после прва линија на хемотерапија (4-6 циклуси на платински базирани дублети во комбинација со Авастин - бевацизумаб), пациентите се оставаа на период на следење, т.н. „watch and wait“ без активна терапија, се до следното влошување на нивната состојба, односно прогресија на болеста. Овој пристап се должеше на фактот дека продолженото давање на хемотерапија не дава никакви дополнителни резултати во лекувањето, а само ја зголемува кумулативната токсичност. Пациентите се истоштени од повеќето циклуси на хемотерапија и едноставно не се во кондиција да го продолжат лекувањето.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Страница 1 од 2